Премиерот во заминување Зоран Заев ќе бара одговор од Садула Дураки за дивеењето на навивачката група „шверцери“ во Македонскиот народен театар (МНТ) во петокот. Премиерот во заминување изјави дека Дураки, како министер за политички систем и односи меѓу заедниците е поврзан со организацијата на настанот.

На новинарско прашање дали е утврден кој е организаторот на навивачката прослава на ФК Шкупи во МНТ и согласно со тоа да биде утврдена одговорноста за штетите предизвикани од навивачите, премиерот во заминување рече дека денеска на владина седница ќе се разгледаат информациите и ќе се донесе заклучок.

Денеска на седница на Влада очекувам информација од Министерството за култура и од потпретседателот на Владата и ресорниот министер за политички систем за да можеме да ја информираме јавноста за тоа како се случил настанот, кој е одговорен, дали има штети – нема штети, изјави премиерот во заминување Заев.

Премиерот во заминување вчера рече дека прославата на навивачката група „Шверцери“ од Чаир била „протната“ како дел од одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.