Премиерот во заминување Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел.
![]()
![]()
Како што соопшти владината прес-служба, лидерите на овие земји сојузници на Македонија на средбите изразиле целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи државава и уверување дека нивната поддршка за граѓаните на нашата земја ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина.
![]()
![]()
Премиерот во заминување на Самитот на НАТО во Лондон ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
![]()
![]()
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.