Џамијата во Охрид, која се градеше неколку години и покрај укажувањата дека ги нема сите потребни дозволи и оти практично е дивоградба, денеска свечено ќе биде пуштена.

Таа наоѓа во централното градско подрачје и нема дозвола за градба, а згора на тоа е споменик на културата. Премиерот во заминување Зоран Заев признава дека таа ги нема потребните документи, но оти нема да се преземаат никакви мерки бидејќи периодот пред избори го нарече сензитивен.

Точно е дека постои конзерваторско решение за конзервација и реставрација, како што е точно дека нема одобрение за градба.Одлучивме, сезнитивен период е, доаѓаат избори, Охрид е пример за  и меѓурелигиското разбирање. Одлучивме после 5 мај да седнеме и да изнајдеме решение. Законите треба да се почитуваат, објасни премиерот во заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.