Навивачката група „Шверцери“ во петокот прослави 30 години постоење во просторот на МНТ. Откако културниот настан се претвори во безредие, со реакција се јави и премиерот во заминување Заев, кој ситуацијата ја оцени како недолична.

Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Мене ми кажаа дека има и втор дел, а намерата била за млади луѓе. Но, испадна дека второт дел не била баш културна манифестација. Мора да има одговорност за кршење на инвентарот и мора да се надоместат штетите, истакна премиерот во заминување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.