Премиерот во заминување и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва рече дека не се откажуваат од една изборна единица, бидејќи тоа е нивно изборно ветување.
Утре ќе го отворам и тоа прашање ако Мицкоски, сака за тоа да разговараме. Имам некои идеи, сакам да ги предложам, тука е шпицен кандидат, можеби ќе се договориме нешто – рече премиерот во заминување, на прес конференцијата на која ги објави имињата на министрите во преодната влада.
Тој додаде дека одговорно стојат зад една изборна единица, зошто тоа е добро за државата.
Спремен сум да преговараме со ВМРО-ДПМНЕ за да се донесе тоа, бидејќи ние веруваме во една изборна единица. ДУИ поднесе 1.200 на албански јазик и уште 300 на македонски јазик, а горчината наша беше зошто ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше поднесено – истакна премиерот во заминување.
Според него, во меѓупартиски разговори не го отвориле прашањето за една изборна единица и истакна дека сака да преговараат.
Премиерот во змаинување додаде и дека од трети јануари се враќа во партијата со цел да продолжи под полна пареа со подготовките за избори.
Премиерот возаминување и лидер на СДСМ, додаде и дека кога го пријавил случајот „Рекет”, не знаел дека била вмешана Катица Јанева бидејќи на материјалите кои му ги презентирал бизнисменот Орце Камчев, а подоцна истите излегоа во јавноста, се гледа само Бојан Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.