Премиерот во заминување Зоран Заев и министерката за економија Нина Ангеловска, предлог-буџетот за 2020 година пред новинарите и уредници не го образложуваа во Македонската радиотелевизија, туку на Националната радиотелевизија или НРТВ. Барем така го најави тој нивното гостување на „Твитер“.
Во моментов со министерката за финансии @nina_angelovska гостуваме на НРТВ, каде што го презентираме Буџетот за 2020 година пред медиумите и пред граѓаните.
Буџетот за 2020 е развоен буџет посветен на нашиот најсилен капитал – човечкиот. Вложуваме во луѓето! pic.twitter.com/CxhJT4v7I6
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) November 19, 2019

Jавниот радиодофузен сервис со владина одлука е преименуван во Национална радиотелевизија, според Преспанскиот договор, но кратенките МРТ и МТВ и понатаму се во употреба во нејзините програми и емисии, како и од новинарите, а непроменето е и логото на телевизијата.
На линкот може да се погледнат сите институции чие име е променето со одлука на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.