На следните избори јас ќе бидам кандидат за премиер, во последните две години донесовме историски одлуки за нашата држава и немам дилеми дали ќе победиме, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Немем мака, затоа што во вакви околности, со вакви политики, со интегрирана држава, пријател со сите соседи, поддржана од целиот свет, имаме апсолутно сериозно очекување да имаме убава разлика, убава победа на која ќе се радуваме да добиеме цел мандат после две ипол години да добиеме четири години. По победата ќе се посветиме на внатрешните трансформативни процеси кои ќе се случуваат и низ поглавјата, на економските прашања кои што покажаа резултати паралелно кога се одлучуваа големите историски прашања за државата, со целиот политички ризик, по сите кои поддржаа големи политики како членството во НАТО и почетокот на преговорите за Европската унија. Тоа за мене се историски моменти кои историјата ќе ги бележи, истакна Заев.
Премиерот рече дека прифаќа ТВ дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дека тоа може да го реализираат во секое време и колку пати што е потребно. Според него на следните избори коалицијата предводена од СДСМ ќе победи со разлика од 60.000 до 120.000 гласови.
Тоа ќе се случи не затоа што сум прогнозер, туку заради вашите политики, а заради искрените, чесните, одговорните и храбрите политики на оваа Влада, заради слободата и демократијата што ја овозможивме. Ако ги гледате сите тие анкети и анализи, дури и тие на вашите институти, 100 проценти“, оцени премиерот Заев, и истакна дека голем број гласачи се „ежат од помислата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт поради нивната покажана ароганција, дрскост, безобразие, закана. Кому му треба тоа? Луѓето сакаат транспарентност, одговорност, прифаќање на одговорност. Нашите анкети покажуваат дека победуваме, вашите не знам што ви покажуваат. Јас ви покажувам какви ќе бидат резултатите на изборите, рече од собраниската говорница премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Заев нагласи дека неговата е демократска партија и дека дали ќе биде мандатар за премиер на следните избори ќе одлучи Централниот одбор и Конгресот на партијата.
И да, јас ќе бидам кандидат за премиер. Дали ќе бидам ‘шпицен’ кандидат? Ќе бидам и центарфор и лево и десно крило. Ќе играм на сите позиции. Затоа што во вакви околности, на вакви политики, на храбри политики, интегрирана држава, пријател со сите соседи, земја поддржана од целиот свет, со економски политики што растат, имаме сериозно очекување да имаме убава разлика и победа за да добиеме уште еден цел мандат, додаде Заев.
На прашањето дали ќе прифати ТВ-дуел со опозицискиот лидер, на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев одговори потврдно, дека е подготвен во секое време да одговори на такви покани.
Не поминуваат национализми, голи популизми, закани за уништување на преспанскиот договор. Кажете го вашиот став по ова прашање, немавте храброст, ве повикувавме да се приклучите во донесувањето на големите одлуки. Кажете го вашиот став, дали ќе го поништите преспанскиот договор, да знае народот. Се одговара тоа прашање, тоа се кажува на ТВ-дуел, рече претседателот Заев денеска од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.