Премиерот во заминување Зоран Заев вели дека не се сомнева дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, договорите со Бугарија и Грција ќе бидат поништени.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, рече дека чесно е ВМРО-ДПМНЕ да им објасни на граѓаните и за последиците од поништувањето на договорите.

Тоа ќе не врати надвор од ЕУ и НАТО. Да не зборувам дека ќе не скара повторно со соседите. Какви рефлексии ќе има тоа врз економијата, врз целиот регион и тоа треба да го каже. Да господинот Мицкоски ако дојде на власт ќе го поништи Договор и со Грција, односно Преспанскиот договор и ќе го поништи Договорот со Бугарија. Но затоа нема да дојде на власт. Тоа не е возможно – изјави премиерот во заминување.

Утрово лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју потврди дека доколку неговата партија обезбеди твотретинско  мнозинство во Собранието, ќе пристапи кон промена на Уставот со цел враќање на името Република Македонија. Неговиот став го потврди и партискиот Генерален секретар, Игор Јаншев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.