Премиеро Зоран Заев е задоволен од начинот на кој Владата што ја предводи се справила и се справува со ковид-кризата.
На прес-конференцијата во Владата по повод 100 дена од работењето на Владата, премиерот Заев како прв и најзначаен успех го наброја токму супешното и ефикасно справување со светската пандемија на ковид 19.
И еве не денес, 100 дена после изборот на Владата – гордо изговараме дека ние во овие 100 дена бевме тука со и за граѓаните, целосно посветени на грижа, на одговорност, на сигурност. Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на оваа Влада, беше справувањето со светската пандемија со КОВИД-19. Го реорганизиравме раководењето со државата со единствена цел – да ги ставиме сите ресурси во заштита на здравјето на сите наши граѓани. Обезбедивме целосна посветеност на сите сектори за успешно надминување на проблемите кои пандемијата ги носи со себе.
Министерството за здравство аплицираше за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.
Со цел да гарантираме полесен и побрз пристап за сите граѓани до тестови за КОВИД-19, постојано го зголемуваме бројот на тестирања. Набавивме брзи тестови за здравствените установи. Дополнително, го зголемивме бројот на болнички капацитети за лекување на пациенти со коронавирус.
Пуштени се во употреба новите амбуланти на Клиниката за пулмологија и алергологија. Новиот крак од струмичката болница се пренамени како КОВИД центар. Опремен е и снабден со болнички кревети, со централен довод на кислород. Има капацитет од 100-тина кревети и ставен е во функција.
Се отвори уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и се забрза процедурата за земање на тестови за КОВИД-19.
Грижата за здравјето подеднакво ја фокусираме и на другите приоритети. После 30 години надвор од употреба, го пуштивме во работа целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци.
Реновиран е Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија. Комплетно се реновирани пет дијабетолошки амбуланти и направена е посебна амбуланта за преглед на итни пациенти.
Целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, а Општата болница во Гостивар го реновираше хируршкото одделение со што ги зголеми болничките капацитети, наброја Заев во експозето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.