Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, без конкретен одговор дали ќе се воведат ПЦР тестови за македонските граѓани по драстичното зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во земјава.
Одговарајаќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Хоти порача дека мерките што се преземаат не треба да се гледаат како ограничувачки, туку како мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Министрите за здравство на двете држави работат заеднички. Косово сега е во подобра состојба отколку претходно, додека овде во Скопје почна да расте бројот на заболени. Мерките што ги преземаме, треба да се подразберат како мерки за спречување на вирусот, а не како ограничувачки мерки – изјави Хоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.