Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците во Собранието зборуваше за проблемот кој го имаат тутунопроизводителите и предложи власта да го реши овој проблем уште денеска.

Денеска во мојот крај, во мојот град има големи протести. Колега Павле Трајанов тутунот е маката на мојот град, тоа е маката на моите сограѓани. За овие кои ги поддржувате, кои ги лажеа моите сограѓани, кои што ги лажеа тутунарите пред изборите и му ветуваа баснусловни суми откупни, му велеа ваше е само да произведете, а наше е понатаму како ќе се справуваме со откупот и никогаш нема да остане понатаму неоткупен земјоделски производ. Сега што се случува? Истиот тој премиер кој лаже повеќе од Итар Пејо и Насредин Оџа заедно овде изгласавте Закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун од соседните држави од надвор, а домашното производство да остане да скапува или да се откупува по никакви цени. Жолтото злато кое го држам во рака од кое живеат многу прилепчани и многу Македонци посебно во Пелагонискиот регион денеска, вчера, утре се откупува како `рѓа, не како злато. Цената од 220-230 денари која ја имавме низ годините, 12 години немаше никаков проблем со откупот на тутун во Македонија, а сега се откупува за 120-130 денари, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.