Премиерот и министрите во рок од 10 дена ќе треба да ги објават имињата на советниците и соработниците и нивните надоместоци. Ова денеска го усвои владата како прифаќање на препораката на ГРЕКО, соопшти владата.

Согласно оваа препорака, владата ги задолжува и канцеларијата на претседателот на владата, кабинетите на замениците на претседателот на владата, кабинетот на генералниот секретар на владата и кабинетите на министрите во владата да ги објават, во рок од 10 дена, имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници согласно позитивните прописи на Република Македонија, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина – информира владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.