Трговскиот центар Амам, кој се наоѓа во границите на заштитената споменична целина во Старото градско јадро во Охрид, го губи својот лик, алармира дописничката на „Сител“. Сопствениците на деловните објекти и дуќани револтирани велат дека преку ноќ ходниците, терасите и подрумите се преградуваат од страна на поедници, а заедничките влезови и простории се претвораат во кафулиња. Со поставувањето на монтажна урбана опрема се менува фасадата на Амамот во Охрид.
Сто и дваесетте сопственици на дуќани во ТЦ Амам за овој проблем реагирале до сите надлежни институции уште во декември 2019 година, но од сето тоа се уште ништо.
И покрај тоа узурпациите продолжуваат со издавање на документации за продажба на заедничките простории.
Од Завод и музеј велат дека извршиле увид по барање на сопствениците на дуќани во февруари минатата година и констатирале нелегални активности кои го менуваат фасадниот изглед на објектот за што ја известиле Управата за заштита на културно наследство, од државниот градежен испекторат пак на став дека не се работи за градба каде се вршат градежни зафати, туку за нерешени меѓусопственички работи за кои заедницата на сопственици меѓусебно треба да ги реши, бидејќи како што посочуваат за ваквите дејствија градежната инспекција нема надлежност за постапува соглано законот за градење.
Целиот прилог на „Сител“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.