Во одговор на пратеничко прашање од пратенико Димитар Апасиев од Левица во врска со одбивањето на руската вакцина, министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека во тој момент таа не гарантирала безбедност, но дека преку Ковакс системот руската вакцина, сепак, ќе пристигне во земјава.

Точно е дека рускиот амбасадор ја понуди вакцината „Спутник“, но во тој момент таа беше во третата фаза на клиничките испитувања, односно не беше во фаза со која се гарантира безбедноста. Преку Ковакс системот, сепак, во Македонија ќе стигне и руската вакцина „Спутник“, што значи дека ќе ја добиеме и неа – изјави Филипче.

Од министерството за здравство, претходно најавија дека во февруари во земјава треба да пристигне и одредено количество од вакцината на „Фајзер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.