Во двојно интервју со Еди Рама, објавено во весникот Фајненшл Тајмс, Зоран Заев вели дека договорот од Преспа може да падне ако СДСМ ги загуби предвремените избори во април.
Дел од процесот е неповратен, но можно е да се вратиме на лошото минато. Ако има доволно националистичка реторика, радикални постапки и говори во „Северна“ Македонија, тоа ќе им даде аргументи на грчките политичари да користат иста таква реторика. А тоа ќе доведе до конкретни чекори кои не се добри за мојот регион или за мојата земја, изјави Заевза Фајненшл Тајмс.
Во интервју за весникот кој гласно ја поддржуваше неговата „шарена револуција“ и преименувањето на Македонија, Заев воедно вели дека регионот може да се соочи со руско или кинеско влијание.
Оваа одлука им дава простор на трети сили, кои не се многу добронамерни, и кои не ни нудат демократија, слобода или владеење на правото, Заев изјавил за Фајненшл Тајмс.
А ако сето ова не е доволно страшно, Заев предупредил и на опасноста од етнички тензии во Македонија доколку неговата партија ги загубии изборите.
Заев укажа на мултиетничкиот карактер на неговата земја, во која живеат мнозинските Македонци и етничките Албанци, пишува Фајненшл Тајмс, и потсетува на војната во 2001 година.
Еди Рама, пак, предупредува дека Европската унија очигледно ќе помине низ процес во кој состојбите ќе станат полоши пред да се види подобрување, а балканските земји ќе бидат колатерална штета на овој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.