Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани денеска на пресконференција ја соопшти излезноста на предвремените парламентарни избори до 15.00 часот.
ДИК ги собра податоците за излезноста на гласачите во овие избори до 15.00 часот и излезноста изнесува 31,78 проценти – соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.
По изборни единици излезноста е најголема во ИЕ 3, 37,24%, каде што во Крива Паланка излегле на гласање повеќе од половина запишани гласачи – 50, а најмала е се уште во ИЕ 6 22,85%.
Излезност до часот по изборни единици
ИЕ 1 34,51%
ИЕ 2 29,96%
ИЕ 3 37,24%
ИЕ 4 35,51%
ИЕ 5 31,5%
ИЕ 6 22,85%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.