Сашо Тасевски ја сумира годината што помина.
Мислите многу ѝ чуе на 2020 што ја плукавте и колневте. Годините се менуваат, срањето останува исто. За нас барем, пишува Тасевски и се осврнува на годината што помина.
2020 беше година на пресврт, кога ни се отворија очите да видиме каде оди светот и ние во него. А таа иднини не е ниту малку светла. Ниту за светот, ниту за нас. Да не се лажеме. Слоганот, Надеж, љубов, среќа прилега само уште на кутија за чоколадни бомбони.
Оваа декада ќе биде декада на губење на човекови права, губење на лични слободи, ќе се криминализира слободното размислување, ќе се бришат народи, идентитети и суверенитети. Ќе има нови пандемии и тешки економски кризи. Ќе се создаваат тоталитарни сојузи како супер држави, анализира Тасевски.
ЕУ и целиот западен свет ќе продолжи да пропаѓа демографски, духовно, економски социјално. Разрешницата од тој ќорсокак ќе биде фатална во секој случај.
Но, тоа е, брзо заборавивме на стравотиите од 20 век и ќе бидеме брутално потсетени на нив. Позитивното и арогантно фантазирање во смисла: Се знаеме, се држиме под контрола, ова е единствениот пат за подобар свет, ќе се покаже како тешка заблуда од која ќе настрадаат барем милијарда луѓе.
Но, дојадете ја на раат руската салата, нели за оние кои смеат да јадат салата со антиНАТО дресинг, мавнете ги сармите и кременадли, прекрстете се пред икончето на Св. ФИЛИПЧЕ ВАКЦИНОНОСЕЦ и надевајте се дека нема да умрете од корона додека не стигнат вакцините на куцо магаре, во март, април, јуни…. Оваа или следната 2022 година.
Земјата секако ќе продолжи да се врти ако е округла, оти ако кажат Бугарите дека не е…. Тоа е. Нивната вистина е секогаш повистинска дури и од вистината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.