Мал инцидент се случил денес на избирачкото место во Бутел, дознава 24 инфо.

Според овој медиум, гласач во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Гласачот е уапсен.

На сликаното гласачко ливче заокружен бил кандидат на владејачка  партија.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес е затвор до три години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.