Суспендирани се два проекти, а во мирување се ставени три постапки за потпишување на нови договори за грант помеѓу фризерница „В.Е.З Трејд“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, пренесува „А1он“, од каде додаваат дека одлуката е донесена од новиот директор Марко Ѓоргиески, откако Националната агенција била известена дека против сопственикот на грантираната „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски, е поведена кривичната постапка по поднесена кривична пријава од Управа за финансиска полиција.
Вкупната вредност на суспендираните проекти и не потпишаните договори за грант е 211.600 евра. Тие решенија ќе важат се додека постапката која ја води Обвинителството не добие правен епилог. Проектите за кои Националната агенција засега не потпишува договори се „Бура од иновации – претприемачки предизвици“, „Флексибилна платформа за барање работа“, „Едукација на медиумската писменост во дигиталното опкружување 2“, за кои „В.Е.З Трејд“ во сопственот на Златковски беше грантирана минатата година. Суспендирано е и имплементирањето на два договори за грант. Едниот е од 2019 година и е со вкупен износ од 30.115 евра, а другиот од 2020 година во износ од 33.172 евра.
Суспензијата на имплементирањето на акцијата согласно потпишани Договори за грант како и постапките за потпишување на Договор за грант согласно Решенија за одобрување на грант за 2020 година ставени во мирување, ќе траат сé до добивањето на резултати од извршената проверка за сторени неправилности од страна на надлежните органи во соработка со Националната агенција, велат од Националната агенција.
Повеќе на а1он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.