Три угостителски објекти во кои присуствувале невакцинирани гости биле затворени од страна на Државниот пазарен инспекторат, објави порталот „СДК“.

Меѓу затворените објекти е и еден ресторан за свадба каде при контролата речиси никој од гостите не бил вакциниран.

Контролите низ угостителските објекти ги правиме заедно со полицијата бидејќи ние како Пазарна инспекција не можеме да бараме легитимирање на гостите. Прекинавме една свадба каде речиси никој од гостите немаше сертификат за вакцинација, а во Скопје затворивме и кафуле во центарот на градот каде имаше невакцинирани млади луѓе“, вели портпаролот на ДПИ, Александра Котели, пренесува „Сител“.

Казните за непочитување на мерките на Владата изнесуваат 250 евра за физичките лица кои ќе бидат затекнати без сертификат за вакцинација и до 30.000 евра за угостителскиот објект.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.