На предвремени локални избори штипјани ќе треба да го изберат својот нов градоначалник. Барем така најави сегашниот прв човек во градот, Благој Бочварски, кој ќе ја напушти функцијата откако ќе ја преземе министерската функција во Министерството за транспорт и врски.

Општината прво ќе добие в. д. градоначалник, кој ќе биде избран од редовите на советниците во Советот на Општина Штип и ќе ја врши функцијата до одржување на предвремени избори за градоначалник.

Колку точно може в .д. градоначалникот да ја извршува функцијата пред да се одржат предвремени избори ќе кажат стручните тела во Министерството за локална самоуправа и во Владата. Јасно е дека таа функција не може да трае до наредните редовни локални избори кои се во октомври, што значи во Штип ќе има предвремени избори, рече на денешната прес-конференција Бочварски.

Според Бочварски, неговиот наследник ќе ги продолжи проектите кои ги започнал, а тој како иден министер ќе помага на Општината во реализација на инфраструктурни проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.