Поднесов оставка преземајќи ја врз мене одговорноста во октомври 2019 година. И го повикав целиот наш народ да се изјасни. Останува на проевропската агенда или не и ќе ја менуваме стратегијата. Победивме на изборите! Моето повлекување ќе значи изневерување на сите тие граѓани, рече денеска премиерот Зоран Заев на гостувањето на телевизија „Сител“ во однос на барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.
Тој истакна дека оваа Влада продолжува со европеизацијата на земјата, како и дека продолжува да работи на надминување на спорот со Бугарија.
Ветивме меѓу другото редовни избори. Доста се веќе предвремени избори. Постојано секоја година да имаме предвремени избори, нема причина, наведе Заев, додавајќи дека тоа не е изговор за предвремени избори.
Тој посочи дека во нашата парламентарна историја постоеле Влади поддржани и од 80 пратеници, а имале проблеми во функционирањето.
Воедно, нагласи дека и доколку се одржат избори тоа нема многу да ги смени нештата, бидејќи повторно би освоиле мнозинство гласови со оглед на тоа дека изборите се случија изминатото лето, а анкетите покажуваат предност на коалицијата пред опозицијата.
Само ќе и потрошиме на државата нови шест месеци. Штети врз економија во време кога очекуваме нов економски рестарт. Затоа нема да одиме на предвремени избори, нагласи Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.