Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во интервју за „360 степени“ зборуваше и за пријавите за видео и аудиоматеријалите што пратеникот Антонио Милошоски ги достави до ова обвинителство, а имаа за цел да го инволвираат претседателот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, во случувањата со предметот „Рекет“.

-Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави, рече таа.

На Рускоска очигледно многу и’ се брза да го ослободи Заев од вина, па одлука која не е официјално соопштена, таа ја кажува на телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.