Предраг Димитровски, новинар во емисијата „Што не е јасно“ говореше за дивоградбата кај Мавровска при што посочи дека за него тоа претставувало една димна завеса, магла затоа што невозможно е 4 месеци институциите да затајат за да не знаат кои стои зад таа дивоградба, прво и основно, а второ човекот кажа дека има платено и тоа институциите на системот не можат да не знаат дека има платено затоа што сметал дека треба да се изгради. Според него се поставува прашањето што се чекало 4 месеци за да го направат тоа што денес го направиле.
-Денеска случајно или не Заев конечно излезе со бројки на невработени и останаа во сенка поради рушењето на дивоградбата. Неговите податоци што тој ги изнесе не соодвествуваат со податоците кои може да се видат во Заводот за вработување. Тој спомена бројка од 23 000, а некои податоци говарат и за 30 000, а во Заводот за вработување 36 000. Меѓутоа како утеха не е 140 000 невработени, и сега каде е тука проблемот. Проблемот е што 23-30 илјади нови невработени во пандемијата не се од аминистрацијата тоа се сите луѓе од реалниот сектор.Така да од една страна администрацијата остана нечепната со пандемијата и сега ќе се прочистува со 20%, а од друга страна целиот товар на пандемијата падна на реалниот сектор и тоа што ја храни и оддржува администрацијата и останува на улица, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.