Предлог-законот за јавно обвинителство што беше доставен во Собранието бил повлечен, но потоа повторно е пратен во собраниска процедура. Од Министерството за правда за МИА информираат дека законот бил повлечен заради техничко усогласување во две одредби.
Собраниската седница на која треба да се утврди потребата од донесување на законот по скратена постапка се уште не е почната, а беше закажана за 17 часот. Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека седницата ќе се одржи.
Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил пред околу два часа објави фотографија со координаторот на пратеничката група на СДСМ на која напиша – Чекаме да почне седницата.
Чекаме да почне седницата… На сликава е Јован Митревски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, а не претседателот на Собранието… Ова колку да нема дезинформации…, напиша Дескоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.