На денешното рочиште во Основниот граѓански суд во Скопје, каде продолжи судењето за клевета во тужбата на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, судијката го праша премиерот како се чувствувал кога на тв „Алфа“ ја слушнал изјавата од тужениот дека бил на чело на рекет тежок 20 милиони евра.
Кога ја слушнав таа изјава бев заедно со моите родители, сопругата, родителите и децата. Ова предизвика болка, тешкотија, мачнина кај моето семејство. Тоа не му го посакувам никој да го доживее . Тие ќе продолжат вака да се однесуваат ако не бидат законски спречени. Јас сум најмалку 50 пати напаѓан од Николоски и тоа што го говорел е стопроцентна невистина и тој тоа го знае, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.