На социјалните мрежи се појави серијалот насловен „30 прашања со”, на кое потпретседателот на СДСМ Коста Петров и постави 30 прашања на министерката Мила Царовска.
На прашањето дали Македонија е подготвена за жена премиер, Царовска одговара: „Апсолутно“. Видеото беше постирано претпладнево на социјалните мрежи на повеќе од десет часа до состанокот Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ на кој ќе се одлучува за името на премиерот во техничката Влада чија задача ќе биде подготовка на вонредните парламентарни избори на 12 април.
Меѓу прашањата кои и ги поставува петров на Царовска се и: Што последно те насмеа, кој ти е омилен филм, турско кафе или еспресо, маче или куче, омилен бенд…итн.
Идејата за вакво видео со речиси исти прашања за прв пат објави магазинот „Vogue“ пред најмалку 4 години. Оваа идеја ја искористил и потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, но останува дилемата – чија е оригиналната идеја и сценарио? На магазинот „Vogue“ или на Коста Петров?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.