Собранието пред распуштањето донесе дузина закони од кои поголем дел не беа поврзани со изборите, ниту пак со европската регулатива. Донесувањето на законите власта го постави како услов за распуштање на Собранието и одржување на избори на 12 април.
Па така пратениците по брза постапка ги донесоа законите за за неевидентирани лица во матична книга на родени, за изменување и дополнување на Изборниот законик, За Јавното обвинителство, за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, за изменување и дополнување на Законот за одбрана,за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за заштита на личните податоци, за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило,за управување со движењето на предметите во судовите.
Сите овие закони експресно беа потпишани од претседателот Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.