Деновиве се соочувам со телефонски повици, анонимни пораки, пријателски препораки да се откажам од најавената кандидатура за градоначалник на Охрид. И тоа директно од лица од општинската организација на СДСМ во општината, вели во изјавата за МКД.мк Демир Далип, граѓански активист и лидер на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани.
Тој вели дека ова почна да му се случува откако ја објави намерата да стане независен кандидат за градоначалничката функција, откако почна да биде присутен на терен и активен по социјалните мрежи.
Неколку портали спроведоа анкети и на изненадување на власта, на општинската организација на СДСМ, добив силна поддршка од граѓаните. Тогаш почнаа „препораките“ да не се кандидирам. Јас, припаѓам на етничката заедница Египќани, исто така сум лице со посебни потреби, а веќе 20 години, како лојален граѓанин на Македонија, активен сум на политичката сцена. За овие притисоци во телефонски разговор го известив и секретарот и координатор на 5-та изборна единица од СДСМ, Васко Паскали и му укажав дека тоа не е во ред. Се надевав дека ќе преземе активности во насока да ги елиминира ваквите недемократски дејства. Напротив. После тој телефонски разговор, притисоците и заканите се зголемија. Сакам да ја известам јавноста дека за оваа состојба ги информирав и членовите на мисијата на ОБСЕ, амбасадорите на ЕУ, на Франција и Германија. Верувам дека ќе наидам на подршка и разбирање бидејќи Република Македонија е наш заеднички дом, вели во изјавата Демир Далип, граѓански активист и лидер на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.