Со приближувањето на октомври и локалните избори, градоначалниците на СДСМ се засилено се ангажираат и брзаат предизборно да асфалтираат некој метар повеќе и да раскопаат што повеќе улици.
како што пишува „Маркукуле“, таква е ситуацијата и во Прилеп каде што актуелниот градоначалник Илија Јованоски и еден од кандидатите за нов мандат, секојдневно информира за нови градежни зафати.
Пред околу 1 месец раскопан беше кејот покрај Градската река, а иако тој зафат се уште е недовршен, се почнаа градежни зафати и на улицата „Мице Козар“.
Започна реконструкцијата на дел од улицата „Мице Козар“ во должина од 300 метра. Станува збор за една од најфреквентните и најоштетените улици во градот, по која се движат и тешки товарни возила.
Градежните активности на оваа улица ќе бидат завршени во следните петнаесетина денови, со што значително ќе биде подобрена безбедноста за сите учесници во сообраќајот на оваа улица.
Општина Прилеп продолжува со реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во градот. Во текот на следната недела ќе започне асфалтирањето на кејовите „9. Септември“ и „1.Мај“, а со забрзано темпо продолжуваат и активностите за изградба на улицата „Целе Мавроски“.
При крај е поставувањето на бекатон плочки на тротоарите од двете страни на улицата „Тризла“, а од понеделник започнува и комплетната реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, на потегот од од новиот мост кај „Сточен пазар“, до улицата „Александар Македонски“.
Она што можам да го кажам, е дека до крајот на градежната сезона ќе бидат реконструирани, рехабилитирани и изградени сите улици кои беа предвидени во Програмата на општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за тековната 2021 година – објави Јованоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.