После толку кршење на Уставот и законите, после толку многу непочитување на задолжителното меѓународно право не се сомневам дека ќе го сменат Уставот и ќе го изберат претседателот во Собранието. Тоа е лошо решение. Не само за опозицијата туку и за државата, изјави вечерва во Гостивар Годана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ.
Силјановска Давкова додаде дека правна држава не може да вирае во амбиент на корупција, на криминал, и непотизам. Правната држава ја загрозуваат корупцијата, криминалот и непотизмот. Затоа се вели дека во многу извештаи дека дури и суверенитетот на било која држава е под закана во услови на поплава од корупција, криминал и непотизам.
Јас ако бидам избрана за претседателка на државата, ќе се обраќам многу често бидејќи имам право најмалку еднаш во годината, ама ако ги бројам проблемите на граѓаните дали се тоа еколошки, дали се тоа проблемите на лицата со посебни потреби, дали се тоа проблеми на Ромите, за проблемите на здравствените работници, земјоделци. Долга е листата на обраќањата на која јас се разбира подготвена со аргументи и предлози за политики ќе ги предочам најважните проблеми, додаде Силјановска Давкова.
Правото и правдата ќе дојдат со нас, истакна на крајот од средбата Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.