Правни експерти вечерва во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски одржаа средба по барањето на политичките лидери кои присуствуваа на лидерската средба, што се одржа претходно во текот на денов. Во соопштението од Кабинетот на шефот на државата се наведуваа дека целта на оваа средба била да се утврдат правните аспекти на одлуката за одложување на изборите закажани за 12 април оваа година.
На почетокот на состанокот, претседателот Пендаровски ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот ангажман. Универзитетските професори, Светомир Шкариќ, Гордана Силјановска – Давкова, Рената Дескоска, Тања Каракамишева – Јовановска, Јетон Шасивари, и доцентите Александар Љ. Спасов и Денис Прешова ги разгледуваа правните аспекти за одложување на парламентарните избори закажaни за 12 април, се наведува во соопштението.
На средбата се дискутирало за повеќе можни решенија што произлегуваат од Уставот. Консултациите за начинот на одложување на изборите ќе продолжат и во следните денови, информираат од Кабинетот на државата
На средбата беа присутни и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.