Новата кампања на СДСМ, наречена „На прав пат“ е ископирана од хрватската социјалистичка партија (SDP).

Оваа кампања хрватските социјалисти ја имаа за изборите пред десет години и оригинално беше насловен „Krenimo u pravom smejru“.
Дури и логото од хратските социјалисти е идентично со сегашното на СДСМ.

Ова не е првпат СДСМ да „позајмува“ слоган за изборна кампања. Кампањата во 2016 наречена„ Живот за сите“ беше земена од српската партија „Двери“.
Тогаш од српската партија ги обвинија СДСМ дека вршат политичка измама со копирањето на нивната политичка кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.