Професорката Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на телевизија Алсат истакна дека правичната и соодветна застапеност не смее да се однесува само на ентичкиот критериум туку треба да се однесува и на лицата со посебни потреби и родовата застапеност во институциите. Сиљановска посочи дека токму таа во својот кабинет на правниот факултет Јустинијан Први се погрижила за правичната застапеност каде нејзиниот асистент е етнички Албанец, Денис Прешова.
Јас за правичноста и соодветна застапеност сум се погрижила да ја примена прво на мојата катедра. Но не само раководена од припадноста етничка туку покрај стручноста и компетентноста зад себе ќе оставам и подобар професор. Сите знаат кој е не сакам да го споменувам. Второ правичната и соодветна застапеност е темелна вредност на уставниот поредок. Она што не постои во Македонија е закон за соодветна застапеност. Не можете директно да применувате во праксата темелна вредност на уставниот поредок. Значи ако нема департизација и деполитизација, правичната и соодветна застапеност ќе биде узурпирана од партиските лидери. И тогаш ниту најдобрите Албанци, ниту најдобрите Македонци ќе бидат на најдобрите позиции. По мене правичната и соодветна застапеност не смее и не може во форма на афирмативна акција да се однесува само на етничкиот критериум. Тоа е забрането во САД. Мора да се однесува и на лицата со посебни потреби, мора да се однесува и на родовата застапеност, вели Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.