Го поздравуваме секој чин кој значи спроведување на правда, вклучително и оваа пресуда. Лошо е што поради криминалите на Мијалков во затвор заглавуваат и луѓе кои се колатерална штета, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е пресуда донесена под жесток притисок на јавноста, опозицијата и меѓународниот фактор. Тоа е и причината поради која навидум пропадна првата фаза од договорот Заев – Мијалков со кој удрија шамар на правдата, иако постојат индиции дека можно е апелациониот суд да одлучи и поинаку каде Заев е познато дека има силно влијание. Таа жалбена постапка ќе трае околу една ипол година. Затоа оваа одлука околу која власта крева еуфорија е со цел да ги прикрие задкулисните договори, чесно е да се каже дека таа не е правосилна се уште. Воедно на осудениот Мијалков му беа овозможени услови какви што немаше ниту еден друг бегалец од правдата. Потсетуваме дека потребно е дополнително сериозно да се разгледаат прекршувањата на постапката. Како лице со меѓународна потерница денес осуден криминалец му беше доделен куќен притвор. Какви договори и повластувања има зад сето ова. А, за кои најдобро може да сведочи Заев, истакна таа.

Стојаноска порача: „Правда мора да има, договорите Заев – Мијалков не смеат да ја погребаат правдата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.