Вакцините „Синовак“ кои уште пред два дена пристигнаа во земјава – се уште се во фрижидерите во вакциналните пунктови.

Вакцините чие пристигнување со месеци наназад се најавуваше – сега чекаат одобрение од Агенцијата за лекови за да може да почнат да се аплицираат кај граѓаните.

Од МАЛМЕД за ТВ 24 велат дека процедурите се при крај и уверуваат дека за кратко време ќе дадат зелено светло за употреба.

-Одобрување на еден лек (вакцина во случајот) и пуштање во промет подразбира неколку процедури што треба да поминат во Агенцијата за лекови. Скоро сите процедури се завршени. Агенцијата работи во полн капацитет и во најкратко време ќе бидат завршени – вели д-р Лирим Шабани – Директор на Агенција за лекови и медицински помагала МАЛМЕД.

Целиот текст на ТВ 24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.