Напнато беше на денешното судење за случајот „Меѓународен сојуз“. Бојан Јовановски беше во елемент и откри нови моменти од дружењето со обвинителката Вилма Русковска. Тие имале интензивна комуникација и биле добри пријатели.

Нивната комуникација била на „Ватсап“ и Боки  ги достави на УСБ. Вилма го информирала Боки дека тој ден ќе го апсат поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски и да прати екипа на 1 ТВ.

По ова претседателката на судечкиот совет Софче Гаврилова Ефремовска го предупреди Јовановски дека прво треба да се предадат и одобрат доказите, а потоа да се изнесат.

Авокатот Сашко Дукоски вели дека барањето за изземање е поради огромно сомневање за пристрасност во постапувањето против Јовановски и дека тоа е откриено врз анализата на материјалот од телефонскиот апарат на обвинетиот.

-Барањето се содржи за експлицитна пристрасност на штета на обвинетиот Бојан Јовановски, како во предметот „Рекет“ така и во овој предмет, истакна Дукоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.