Пратеникот од владејачката коалиција Рубин Земон се сомнева дека тешката несреќа што се случи вчера кај Карпалав во која животот го загубија 15 лица, е нарачана од странство.

Земон на „Фејсбук“ ги сподели своите сомнежи:

Неколку мои пријатели од странство не ја исклучуваат можноста за саботажа на автобусот нарачана од странство! Бидејќи некои анти-НАТО дежурни опинион мејкери одма започнаа со палење на страстите, не треба да се исклучува и таа можност! Да бидеме сите претпазливи сега кога на Македонија и тргна на подобро, на некои сили тоа баш и не им одговара.

Се извинувам за оваа мала дигресија во нашата колективната тага, но можеби не е лошо да бидеме и малку “будни” и внимателни!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.