Пратеникот од ДОМ Мирослав Богдановски си поднесе оставка од пратеничката функција. Оставката тој ја потврди во изјава за Република“. За причините вели дека се исклучиво лични.
Причините се лични.Се враќам во Град Скопје каде ќе се борам за зелените политики на терен-објаснува Богдановски.
Но, нашите извори од партијата ДОМ велат дека покрај личните, кај Богдановски има и големо незадоволство од полтиките на власта, посебно во делот на зашита на животната средина.Незадоволство имало и од работата на првиот човек на ДОМ Маја Морачанин.
Богдановски во јавноста стана познат како „пратеникот со скафандерот“ кој присуствуваше на собраниската седница и покрај тоа што имаше решение за изолација како заболено лице од ковид-19.
Тој минатиот месец беше разрешен од потпретседателската функцијата на ДОМ. Партијата како причина наведе дека потегнал нелегитимна иницијатива за вонреден конгрес.
За разлика од пратеничката на СДСМ од Битола, Бисера Костадиновска Стојчевска, која пристигна со амбулантно возило, Богдановски во парламентот пристигна со сопствено возило и не беше толку на удар на јавноста.
На местото на Богдановски пратеник ќе биде Даниела Николова од СДСМ од Аеродром која беше на 13-то место во првата изборна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.