Пратеникот од редовите на ДУИ Арбен Зибери е позитивен на коронавирусот и е сместен на инфективна клиника.
Зибери е поранешен в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје.
Арбен Зибери доби позитивен резултат од тестот за КОВИД19 вечерта кога се гласаше новата влада. Заради новата ситуација тој гласаше во посебни услови, а веста уште вечерта ја потврди претседателот на Собранието, Талат Џафери, при ставање на гласање на предлогот за новата Влада.
Пред парламентарните избори, во екот на кампањата, министерот за здравство Венко Филипче го разреши в. д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери, а д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје го назначи за нов в. д директор на Центарот.
Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, соопшти тогаш Министерството за здравство по повод разрешувањето.
Филипче тогаш најави дека Зибери ќе биде разрешен поради неговаа изјава дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколи за да дојдат иселениците да гласаат за премиер Албанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.