Политичка е изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, а не правна, изјави за „Слободен печат“ пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи и најави дека во координација со ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе подготват нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата.
– Џафери може да дава политички изјави, но таа не е правно издржана. Неговата изјава правнички ќе се толкува. Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи – изјави Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.