Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е позитивен на корона вирусот.

Веста на социјалните мрежи ја објави самиот Каевски, кој вели дека се чувствува добро.

Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро и сум со поблаги симптоми. Во изминатиот период бев максимално внимателен и ги почитував мерките од Комисијата за заразни болести и министерството за здравство. Но, вирусот не прашува, така да, што е тука е и ова ќе помине. Во наредниот период останувам во самоизолација. Чувајте се почитувајте ги препораките и останете во добро здравје – пишува Каевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.