Пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, иако е дел од Владата, денеска во Собрание го прозва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зошто полицијата ги тероризирала албанските семејства во селото Љуботен, а не го спречила криминалот со тутун пред да ја премине границата.
„Целото нелегално производство што дошло во селото Љуботен, да не дојде од последните дождови? Да не дојде со специјален авион или има свое патување. Каде се институциите кои не преземале ништо за оваа активност? Од јужната граница од Гевгелија до селото Љуботен има повеќе од 150 км пат. Од границата со Србија има повеќе од 50 километри”, рече Алими.
Според министерот Спасовски, акцијата не била насочена кон жителте на селото, туку кон поединци и го обвини Алими за злоупотреба на случајот за други цели.
Акцијата во Љуботен предизвика бројни реакции од жителите. Полицијата заплени 16 тони тутун и машини за негова обработка, потсетува Алсат М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.