Пратениците кои се позитивни на ковид-19 при онлајн вклучување на седница на Собранието, пред камерите задолжително да имаат бојадисано јајце. Пратеникот кој поради ковид-19 ќе работи онлајн од дома, да не биде облечен во џемпер, ниту, пак, капа на главата, бидејќи така го нарушува дигнитетот и угледот на Собранието. Пратеникот при вклучување на работа од далечина да не биде облечен во автомеханичарска облека.
Ова се само некои од амандманите кои според СДСМ, ги доставила опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието за измените на Деловникот за онлајн работа на Парламентот за пратениците кои се заболени од ковид-19 и тие кои се во изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, измените на Деловникот предложени од претседателот на парламентот Талат Џафери се неуставни и партијата е на ставот дека за онлајн работа на Собранието прво треба да се пристапи кон измени на Уставот.
ВМРО ДПМНЕ бара СДСМ да не ја замајува јавноста со небитни работи туку Заев и министрите да дојдат да одговорат што содржи новиот договор со Бугарија што го прават зад грб, а на штета на идентитетот.
Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијансата за Албанците и Алтернатива доставиле повеќе од 3.000 амандамани на измените на Деловникот.
Меѓу амандманите има и такви кои предлагаат на пример, примената на Деловникот да стапи на сила 30 дена откако Македонија ќе влезе во ЕУ. Деловникот да важи триесет и првиот ден од влезот на земјава во Европската Унија, па 32-от ден…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.