Собранието преку оглас бара фирма која ќе биде задолжена за сервисирање на фитнес опремата која е сместена во собраниската теретана. Пратениците пред пет години, при реновирањето на законодавниот дом добија фитнес сала, чија опрема очигледно дотраела.
Според објавениот оглас на Бирото за јавни набавки ќе се менуваат делови од машините наменети за вежбање на мускулите на нозете, на градниот кош, но и на останати справи.
Па така се бараат делови за машините за вежбање на мускули на нозе и тоа за „лег курл„ и „хип хоп“, потоа за машините за вежбање на гради како „крос машина„ и „пек-дек машина“, како и замена на делови на траки за трчање, орбитрек, степер, статичен велосипед, машина за веслање и слични.
За оваа набавка Собранието планира да потроши нешто помалку од 5.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.