Комисијата за европски прашања денеска расправаше за предлог Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО по скратена постапка.
Претседателот на Комисијата, Артан Груби ја отвори и ја прекина комисиската расправа за законот Јавното обвинителство, за како што рече, да им даде простор на пратеничките групи и на министерката за правда Рената Дескоска – Тренеска да ги усогласат ставовите за поднесените над 50 амандмани.
Според власта, доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.