Планот на владејачките партии е воопшто да не влезат во пленарната сала, со цел да се оневозможи и гласањето на дневниот ред на седницата, за што е потребно присуство на мнозинство од вкупниот број на пратеници, односно на 61 пратеник, дознава „Фокус“

Доколку новопромовираното мнозинство нема поддршка од 61 пратеник, како што засега стојат работите, тоа би се видело уште на почеток на седницата, која би прекинала уште пред да почне расправата, бидејќи нема да може да се усвои дневниот ред.

Инаку, Уставот предвидува дека гласањето за доверба на владата е всушност гласање за недоверба, што значи дека во пленарната сала треба да бидат присутни најмалу 61 пратеник, кои на крајот на седницата мораат да гласаат „за“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.