Во Собранието денеска ќе биде одржана четвртата работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.

На работилницата ќе се разговара за предлог-етичкиот кодекс за пратениците.

Предвидени се две сесии. На првата ќе биде претставен компаративниот преглед на институционални механизми за примена на кодексот на однесување (меѓународни практики), а на втората сесија ќе се дискутира за институционалната структура на телата за следење на примена на Кодексот во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.