Поради кризата со ковид-19, пленарните седници на Собранието се „преселени“ во салата со куполи, каде што полесно се одржува физичка дистанца меѓу пратениците, додека техничката влада во последните неколку месеци постојано заседаваше онлајн.

Во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, соопшти новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.

Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено, изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.