Пратениците кои се позитивни на ковид-19 при онлајн вклучување на седница на Собранието, пред камерите задолжително да имаат бојадисано јајце, предлага Левица преку амандманите доставени до Собранието. Од СДСМ ги имаа набедено ВМРО ДПМНЕ дека ваквиот амандман доаѓа од нивна страна, но оригиналниот документ ја открива вистината.
Некои амандмани бараат пратеникот кој поради ковид-19 ќе работи онлајн од дома, да не биде облечен во џемпер, ниту, пак, капа на главата, бидејќи така го нарушува дигнитетот и угледот на Собранието. Пратеникот при вклучување на работа од далечина да не биде облечен во автомеханичарска облека.
Ова се само некои од амандманите доставени до Собранието за измените на Деловникот за онлајн работа на Парламентот за пратениците кои се заболени од ковид-19 и тие кои се во изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сепак оригиналниот документот
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, измените на Деловникот предложени од претседателот на парламентот Талат Џафери се неуставни и партијата е на ставот дека за онлајн работа на Собранието прво треба да се пристапи кон измени на Уставот.
Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијансата за Албанците и Алтернатива доставиле повеќе од 3.000 амандамани на измените на Деловникот.
Меѓу амандманите има и такви кои предлагаат на пример, примената на Деловникот да стапи на сила 30 дена откако Македонија ќе влезе во ЕУ. Деловникот да важи триесет и првиот ден од влезот на земјава во Европската Унија, па 32-от ден…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.